4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт отпушта 1.000 работници

Роснефт отпушта 1.000 работници

rosneft;fn38yt4

Рускиот нафтен гигант Роснефт, кој е под удар на американските санкции, ќе укине една четвртина од работните места во својата централна во Москва, односно околу илјада работници.

„Укинувањето на работните места би можело да погоди 20 проценти до 25 проценти од вработените, односно илјада лица, пишува рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Според наводите на Комерсант, бројот на вработени во московската централа на Роснефт значително е зголемен во последната година и таа тенденција е зголемена кога минатата година беше купена конкурентската компанија „TNK-BP“ за 55 милијарди долари.

„Роснефт работи на тоа да ги намали трошоците, вклучувајќи ја и оптимизацијата на работните места“, изјави портпаролот на групацијата, демантирајќи дека станува збор за „масовно укинување на работните места“.

Оваа нафтена групација која ја води Игор Сечин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, во јули беше додадена на списокот на компании под санкции на САД поради украинската криза.

Групацијата, која 69 проценти е во сопственост на руската држава, неодамна побара помош од државата за враќање на долгот поголем од 30 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП