
Европската централна банка ја намали денес референтната каматна стапка на 0,05 проценти од претходниот историски минимум од 0,15 проценти.


Европската централна банка ја намали денес референтната каматна стапка на 0,05 проценти од претходниот историски минимум од 0,15 проценти.
Ваквиот потег на ЕЦБ е знак за одлучност на оваа институција да го одржи закрепнувањето на Европа и би можел да биде проследен со низа нови поттикнувачки мерки, оцени агенцијата АП.
ЕЦБ, исто така, ја намали и каматната стапка на депозитите, која банките ја плаќаат за депонираните пари во централната банка, на минус 0,2 од минус 0,1 проценти.
Пазарите, сепак, се во исчекување на прес-конференција за новинарите и обраќање на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, кој би требало да ги изнесе деталите за понатамошните планови на банката.