24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието ја почна расправата по ребалансот на Буџетот за 2014 година

Собранието ја почна расправата по ребалансот на Буџетот за 2014 година

sobranie

Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата за дополнетиот предлог ребаланс на буџетот за 2014 година, која според Деловникот може да трае најмногу пет дена.

Со ребаланост предвидено е интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, особено на Коридорот 10 и задржување на фискалната диспиплина и поддршката на економијата.

Вицепремиерот и минситер за финансии Зоран Ставрски образложувајќи го дополнетиот предлог ребаланс рече дека се прави со цел усогласување на динамиката на реализација на расходите особено во делот на инфраструктурните проекти со динамиката на приходи.

Според него, станува збор за мини ребаланс со кој се врши корекција и на приходната и на расходната страна која е помала од два процента и претставува мал ребаланс, но, како што додава, потребен за да се заврши годината онака како што се планираше со фискална дисциплина и задржување на главните параметри на фискалната политика во проектираните рамки.

Најголемата промена, на расходната страна што се прави, како што истакна, е обезбедување дополнителни средства од 1,42 милијарди денари за иградба на Коридорот 10, односно автопатот Демир Капија-Смоквица кој се одива со понтензивна динамика од предвидувањата и е планирано да заврши до август 2016 година.

Со ребалансот е извршено намалување за стоките и услуги кои се финансираат од основниот буџет, како и реалокација на средствата за социјални трасфери меѓу средствата наменети за паричен надоместок, социјални права и пензии.

На дневниот ред на 14-та седница се и Предлог законите за имени и дополнувања на Законот за основно образовани и на Законот за средно образование, и двата по скратена постапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП