28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Турција во август се искачи до 9,54 проценти

Инфлацијата во Турција во август се искачи до 9,54 проценти

turcija1

Нивото на инфлација во Турција е зголемено повеќе од очекуваното, и сега е 9,54 проценти со што се поништени надежите за постигнување на овогодинешната цел, објавија турски медиуми.

Според бројките објавени од Турскиот статистички институт, цените на мало се зголемени за 0,09 отсто во споредба со јули. Со тоа се надминати прогнозите на аналитичарите кои очекуваа пад од 0,03 до 0,1 отсто.

Индексот на инфлацијата во август е 9,54 проценти на годишно ниво, и тоа е највисоко ниво за изминатите три месеци и петти месец по ред со ниво над девет проценти.

Зголемената инфлација за август го зголеми скептицизмот по однос на постигнувањето на целта на Централната банка за годишното ниво на инфлација од 7,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП