25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилион Хрвати ќе имаат поголеми плати

Милион Хрвати ќе имаат поголеми плати

nezaposlenost55454

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ најави владин предлог со даночни измени, насочени кон зголемување на платите за повеќе од милион работници, како и зголемување на куповната моќ на населението.

„Овие мерки се насочени кон зголемување на конкурентноста и потрошувачката во земјата, а тоа ќе им овозможи на многу работодавци на работниците да им дадат поголеми плати“, изјави Милановиќ на конференцијата за новинари.

Тој објасни дека причината за донесување на таквите мерки е зголемувањето на платата за милион работници, зголемување на расположливиот приход за средната класа, и очекувањата за позитивно движење на економијата  преку зголемување на севкупните трошоци.

„Тоа е обид да се поттикне сегментот на потрошувачката, да се излезе од стагнацијата во која влеговме пред повеќе години“, изјави Милановиќ, потенцирајќи дека од сега па натаму инвестициите ќе бидат насочени кон индустриските погони, а не кон шопинг центрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП