3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГалерија: Hyundai i20 зa 2015-та година

Галерија: Hyundai i20 зa 2015-та година

h i20

„Hyundai“ ги објави техничките детали и новите фотографии од втората генерација на моделот „i20“, а за прв пат имаме можност да го видиме и ентериерот на возилото.

Еден месец пред светската премиера, „Hyundai“ ни ги откри најважните информации за новиот „i20“, a благодарејќи на фотографиите од внатрешноста можеме да се стекнеме со целосна слика за возилото.

h i201

Ако есктериерот претставува пријатно изненадување и голем чекор напред во дизајнот, изгледот на кабината само го засилува тој впечаток.

Иако производителот на фотографиите прикажа богато опремена верзија, веќе на прв поглед може да се забележи и напредок во квалитетот на материјалите и формираниот внатрешен простор.

h i202

Сите важни површини во кабината, како инструмент таблата и облогата на вратите, се преслечени во „TPO“ материјал (Thermal Plastic Olefin) кој е мек на допир.

Комбинациите на бои е избрана така што се вклопува со боите на надворешноста, а купувачите можат да изберат меѓу четири различни видови.

h i203

Благодарејќи на луксузните опции, внатрешноста дава впечаток дека е автомобил од повисока класа, а меѓу дополнителните додатоци е и подвижниот панорамски покрив.

„Hyundai“ тврди дека патниците во новиот „i20“ ќе се чувствуваат значително покомфорно, отколку во неговиот претходник. Благодарејќи на големите надворешни димензии, возачот и совозачот имаат повеќе простор помеѓу главата и покривот, како и во ширина на рамениците, додека на задната клупа без проблем може да се сместат три возрасни лица.

h i204

Потенцијалните купувачи особено ќе ги интересира изборот на погонски единици.

„Hyundai“ соопшти дека на европскиот пазар ќе понуди три бензинци и два дизели, а сите мотори ги задоволуваат „Euro 6“ стандардите.

h i205

Четирицилиндарскиот 1.25-литарски бензински агрегат ќе биде достапен во две верзии, со 75 ks и 84 ks. Oвој мотор е изработен од алуминиум и стандардно е поврзан со петбрзински мануелен менувач.

Во врвот на понудата на бензинци се наоѓа 1.4-литарски четирицилиндарски агрегат со 100 „коња“, а покрај шестстепениот мануелен менувач, како опција е достапен и четирибрзински автоматик.

h i206

Основниот дизел има зафатнина од 1.1-литри и 75 ks, додека алтернатива му е 1.4-литарски дизел мотор со 4 цилиндри и 90 ks. Двата агрегати се поврзани со веќе споменатиот шестбрзински мануелен менувач.

За оние на кои тоа можеби им е важен податок, треба да спомене дека новите „i20“ ќе се произведуваат во фабриката на „Hyundai“ во Турција, а во продажба ќе се најдат од ноември 2014-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП