19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВолксваген XL1 е спремен за производство

Волксваген XL1 е спремен за производство

xl

Фолксваген ги објави техничките детали и фотографии за моделот „XL1“ со хибриден мотор. Овој футуристички автомобил, беше плод на идеата неговата просечна потрошувачка да не е поголема од еден литар на 100км.

Во фабриката на германскиот производител вложија големи напори да ја реализираат зацртаната цел.

xl 1

На крајот сепак успеа да ја намалат тежината на автомобилот на 795 килограми, а коефициентот на отпорот на воздухот, на дури 0.189. Моделот „XL1“ е долг 3.888мм, а широк 1.665мм, а пак меѓуосовинското растојание изнесува 2.224мм.

Сериската верзија која ќе биде прикажана на женесвкиот авто-салон, визуелно не се разликува од концептот од 2011-та година. Карактеристичниот футуристички дизјан е заокружен со врати кои се отвараат вертикално.

Задните тркала се покриени со панели, со цел да се постигне подобра аеродинамика на автомобилот, а во кабината има простор за двајца патници.

xl2

Хибридниот погонски систем се состои од двоцилиндричен „TDI“ мотор со зафатнина од 800 ццм, кој развива 48кс.

Но ќе помага и електромотор со снага од 20кс, кој електричната енргија ќе ја добива од батеријата со капацитет од 5.5кwh.

Од Волксваген тврдат дека просечната потрошувачка на ова возило ќе биде 0.9 литри на 100км.

xl3

„XL1“ до 100км/ч ќе стигне за 12.7 секунди, а максималната брзина фабрички е ограничена на 160км/ч.

Автомобилот е во состојба да помине 50км со електромоторот, а пак со максималниот домет е скоро 500км со полн резервар од 10 литри.

Волксваген планира да произведе серија од 50 примероци од моделот „XL1“, а понатамошната производство ќе зависи од побарувачката, а цената на овој автомобил се уште не е објавен.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП