ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се слабите точки на економијата на Јапонија

Ова се слабите точки на економијата на Јапонија

japonija14

Централната банка на Јапонија (BoJ) остана денес до ставот дека јапонската економија закрепнува и покрај забавувањето на БДП на Јапонија во вториот квартал.

По завршувањето на дводневната седница на „BoJ“, законодавците се воздржаа од нови монетарни поттикнувања, но „градежниот и индустрискиот сектор ги означија како слаба точка на економијата, заедно со слабата побарувачка за јапонскиот извоз“, пренеусва агенцијата Франс прес.

Економијата на Јапонија во периодот април-јуни оваа година, поради априлското зголемување на ДДВ, претрпе најголем квартален пад од земјотресот и цунамито во 2011 година.

За време на изминатите 20 состаноци, „BoJ“ се воздржа од било какви поголеми измени во поттикнувањата иницирани во април 2013 година, и покрај бројните повици да делува поради забавување на економијата.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП