
Нето инвестициите во романската економија во вториот квартал од оваа година се намалени за 9,1 проценти во споредба со истиот период во 2013 година. Податоците на Националниот завод за статистика – ИНС покажуваат дека во вториот квартал, во однос на истиот период минатата гдоина, нето инвестициите во опрема, вклучувајќи ги и транспортните средства се намалиле за 16,1 проценти, а во новите градежни работи за 7,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

