27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПостојано немате време? Како да го решите овој проблем?

Постојано немате време? Како да го решите овој проблем?

Clock-watching-2-1020x680

Немањето време не може да биде оправданине за некои важни работи во животот. Вие имате 24 часа за трошење секој ден и самите избирате на што ќе ги потрошите. Доколку немате доволно време за да го повторите материјалот за испит, да ги подготвите потребните документи за деловниот состанок, да отидете на пијачка со пријателите или да прочитате книга, тоа не е затоа што немате време, туку затоа што така сте одлучиле. Наместо овие активности сте избрале да правите нешто друго.

Доколку сепак не можете лесно да се справите со обврските, применете ги следните неколку совети за да ви остане малку време и за некои други нешта во животот.

Станувајте порано

Ако нешто ви е навистина важно, не би требало да биде проблем еден час помалку спиење. Впрочем, резултатот од добро завршената работа може да биде попријатен од спиењето.

Обидете се да завршите повеќе работи одеднаш

Иако тоа генерално е лоша идеја, има ситуации во кои навистина можете да завршите и повеќе работи одеднаш. На пример, можете да читате додека се возите со автобус или да се слушнете по телефон со некој пријател додека пешачите меѓу местата на кои имате работа.

Направете план

Ако постојано имате проблем со времето за некои битни работи, тогаш неопходно е да направите план и да се држите до него. Решете што ви е приоритет, на што и со кого сакате да го потрошите денот, проценете како можете да го остварите тоа и испланирајте.

Оставете малку време за нешто неодредено

Резервирајте дел од денот кој ќе ви биде слободен и за кој ќе немате конкретен план. Тогаш спонтано изберете да го пополните со нешто кое ви причинува задоволство, а ретко наоѓате време за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП