12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Русија нови 150 ресторани на Мекдоналдс

Во Русија нови 150 ресторани на Мекдоналдс

mcdonalds-russia

Мекдоналдс планира во наредните три години во Русија да отвори нови 150 ресторани и активно да ја развива франшизата. Тоа го објави директорот на компанијата за Русија, Хамзат Хасбулатов.

Тој потсети дека компанијата минатата година во Русија отвори нови 46 ресторани, а пак една година претходно 37.

Говорејќи за развој на франшизата, Хасбулатов истакна дека потпишале договор со компанијата за развој „Rost“, за отворање на ресторани на сообраќајните крстосници.

Хасбулатов верува дека првиот ресторан во рамки на договорот ќе се отвори кон крајот на оваа година во Москва и Санкт Петерсбург.

Во Регионите кои не се интересни за кооперативен развој ќе биде применет ваков облик на соработка. Се работи пред се за Западен и Источен Сибир, како и Калинград.

Мекдоналдс активно ја развива франшизата на пазарите во Европа, Латинска Америка и Азија. По тој принцип работат повеќе од 80 проценти од нивните ресторани.

За потсетување во Русија досега има отворено преку 300 објекти на Мекдоналдс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП