3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуризмот го спасува Кипар од рецесија

Туризмот го спасува Кипар од рецесија

kiparturizam54545

Благодарение на поголемите приходи од туризмот, Кипар кој е погоден од рецесија, во вториот квартал „потона“ помалку.

Економијата забележа пад од 0,3 проценти во споредба со 0,6 проценти во првите три месеци од 2014 година, покажуваат денес објавените податоци на кипарскиот Завод за статистика.

Иако станува збор за дванаесети последователен квартал со негативен економски раст на кипарската економија, најновите податоци се речиси непроменети во однос на првичната проценка за раст на БДП објавена на 14. август, и укажуваат на најбавното темпо на пад на економскиот раст од првиот квартал во 2012 година, пренесува агенцијата Франс прес.

На годишно ниво, БДП на Кипар во периодот од април-јуни потона за 2,3 проценти, додека во периодот јануари-март забави за 3,9 проценти.

Според податоците на Заводот, во кипарскиот сектор за туризам и трговија регистрирани се позитивни стапки на раст, па така во периодот јануари-јули туризмот бил единствена светла точка, со пораст на бројот на туристи од 5,9 проценти на годишно ниво, и скок на приходите од 8,6 проценти во првите пет месеци.

Меѓународните кредитори неодамна ја ревидираа својата најниска прогноза за забавување на кипарската економија за оваа година од 4,8 на 4,2 проценти, откако кипарската економија во минатата година регистрираше пад од 5,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП