1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLVMH профитираше на берзите по завршувањето на спорот со Hermes

LVMH профитираше на берзите по завршувањето на спорот со Hermes

hermes taken by lvmh (mediaite.com)

Вредноста на акциите на француската компанија „LVMH“ на берзите се зголеми по завршувањето на спорот со модната куќа „Hermes“, кој траеше четири години.

Компанијата „LVMH“, број еден во светот во секторот за луксузна стока, која од 2010 година поседува повеќе од 23 проценти од капиталот на „Hermes“, одлучи да ги подели сите акции во „Hermes“ на сопствените акционери и да не купува нови во наредните пет години, соопшти „LVMH“, пренеусва Ројтерс.

По постигнатиот договор, акциите на „LVMH“ скокнаа за 2,86 проценти, а исто така се зголемија и акциите на „Christian Dior“, која е компанија-мајка на „LVMH“, и тоа за 2,72 проценти, додека акциите на „Hermes“, познат по скапоцената кожна галантерија и облека, кој сега го губи својот најголем акционер, се намалија за 8,96 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП