9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСакате да ја купите Белата куќа?

Сакате да ја купите Белата куќа?

B

Во текот на последните четири години цените на становите и куќите во Америка се значително зголемени, особено во последните шест месеци. Тоа е случај и со една од најпознатите куќи во Америка – Белата куќа.

Експертите, всушност, наведуваат дека, откако Барак Обама ја превема функцијата за претседател на САД во јануари 2009 година, вредноста на Белата куќа се зголемила за седум проценти, на 294,9 милиони долари.

Истовремено, вредноста на недвижниот имот во Вашингтон е зголемена за речиси 13,6 проценти.

Вредноста на Белата куќа се уште е под максималната забележана сума во историјата, таа во 2006 година чинеше неверојатни 299,9 милиони долари.

Доколку некој би сакал да подигне кредит и да ја купи оваа куќа, пресметките покажуваат дека за кредит за период од 30 години под најповолни услови (3,26 проценти камата и 20 проценти учество), тој ќе плаќа 1,13 милиони долари месечно.

Цената за изнајмување на Белата куќа би била 1,75 милиони долари месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП