5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропската комисија го анализира купувањето на WhatsApp

Европската комисија го анализира купувањето на WhatsApp

fb whatsapp 39

Превземањето кое во февруари оваа година со износот го шокираше технолошкиот свет, купувањето на „Facebook“ на „WhatsApp“ зa 19 милијарди долари, мора да помине низ ревизија на европските регулатори. Европската комисија овој месец ќе ги разгледува сите аспекти на оваа аквизиција, со нагласок на нејзиното влијание на правата на потрошувачите.

Моментално траат консултациите со конкурентите на „Facebook“ кои треба да покажат колку превземањето на „WhatsApp“ ќе влијае на промените на цените и нивото на иновации во секторот на друштвените мрежи и „IM“ пораки.

Компаниите најверојатно добиле големи прашалници во кои од нив се бара да го изразат својот став за последиците на индустријата кои би можеле да произлезат од оваа голема аквизиција.

Од Европската комисија ветија дека до 3-ти октомври ќе се изјаснат во врска со ова прашање. Нивната одлука може да оди во смер на условна или безусловна дозвола за превземање на „WhatsApp“, но во случај наодите од ревизијата да бидат негативни, ЕК може да одлучи да започне и подлабок процес на ревизија.

Од „Facebook“ се надеваат дека ќе ги добија сите дозволи и зделката да биде завршена до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП