7 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФормирана Асоцијација на металната и електро индустријата - МАМЕИ

Формирана Асоцијација на металната и електро индустријата – МАМЕИ

220516397508ba3c586418396325546_orig

На иницијатива на неколку домашни компании неодамна е формирана првата Асоцијација на металната и електро индустријата во Македонија – МАМЕИ чија цел е да ги обедини компаниите од овие сектори во земјава и да им понуди професионални бизнис услуги и поддршка за нивниот развој.

Покрај тоа, цел на Асоцијацијата ќе биде да ги поврзе бизнисите и да ја зголеми меѓусебната соработка, да обезбеди заеднички настап на домашни и странски Б2Б настани и саемски претставувања и да организира подобро позиционирање на компаниите пред странските инвеститори.

Преку МАМЕИ сакаме да го подигнеме нивото на компаниите од метало-машинскиот и електро секторот во земјата работејќи заедно со сите производители. Тоа ќе го правиме почнувајќи од заедничката набавка на материјали, оптимизацијата на извозниот транспорт, имплементацијата на технички стандарди, па се до заедничкото развивање на нови и иновативни македонски производи, изјави Гоце Пешев, извршниот директор на МАМЕИ.

Асоцијацијата е поддржана од СИППО – Швајцарската програма за промоција на извозот на Switzerland Global Enterprise (S-GE).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП