26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКорупцијата „убива“ и зема стотици милијарди

Корупцијата „убива“ и зема стотици милијарди

PhotoXPress-corrupt

Корупцијата годишно убива 3,5 милиони луѓе – наведуваат американските организации против сиромаштија.

Поради високиот степен на корупција, сиромашните земји се оштетени за околу 600 милиони евра годишно, наведуваат експертите.

Целиот напор кој во изминатите децении е  вложен во обидот за борба против сиромаштијата сега е загрозен поради организираниот криминал – фантомските компании и перењето пари.

Кога конечно ќе се направат одлучни чекори со кои би било спречено прикривањето на корупцијата и кога вратените пари би се инвестирале во здравството, бројот на смртни случаи во најсиромашните земји драстично ќе се намали.

Во земјите во развој, корупцијата е убиец, наведуваат од организацијата за борба против сиромаштијата.

Кога владата од сопствените ресурси не може да инвестира во здравството, неможе да обезбеди доволни количини на храна за сите и да обезбеди основна инфраструктура, тогаш доаѓа го загуба на животи, а најголемата цена ја плаќаат децата.

Организацијата ги повика членките на Г20 на Самитот во Австралија да ги преземат потребните мерки со цел да ја информираат јавноста за тоа кои се сопствениците на најголемите светски компании и како би ги спречиле во перењето пари и прикривањето на криминалните активности.

Исто така, неопходно е остро да се преземат мерки против лицата кои избегнуваат плаќање данок во сиромашните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП