19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТехнолошки компании заработија казна од страна на ЕУ

Технолошки компании заработија казна од страна на ЕУ

cipovi 24

ЕУ ги казни технолошките компании „Инфинеон“, „Филипс“ и „Самсунг“ со 138 милиони евра поради здружување во картел во Европа и монтирање на цената на чипови за паметни картички.

Германската, холандската и јужнокорејската компанија биле во наводно билатерални контакти остварени во период помеѓу септември 2003-та и септември 2005-та година, се наведува во соопштението од Комисијата, а се додава дека на јапонската компанијата „Ренесанс“ и е доделен имунитет поради откривањето на тој картел.

Компанијата „Инфинеон“ е казнета со 82.7 милиони евра, „Филипс“ со 20.1 милион евра, а „Самсунг“ со 35.1 милион евра, при што казната на јужнокорејската компанија е намалена за 30 проценти поради соработката со инспекторите.

„Според наше мислење, компаниите знаеле дека нивното однесување е незаконско“, вели потпретседателот на Комисијата задолжен за заштита од конкуренција, Хоакин Алмунија, и додал дека во дигиталната ера чиповите за паметните картички ги користат скоро сите, било во мобилните телефони, банкарските картички или пасоши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП