14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога невработеноста ќе пушти корења...

Кога невработеноста ќе пушти корења…

nevrabotenost

Долгорочната невработеност стана вкоренета во многу земји кои се тешко погодени од кризата и ќе биде многу тешко сите тие луѓе да се вратат на работа кога ќе следи закрепнувањето.

„Долгорочната невработеност изгледа дека го достигна врвот во повеќето земји, и таа и понатака останува една од клучните причини за загриженост“, се наведува во извештајот на Огранизацијата за економска соработка и развој за трендовите за вработување во светот.

Во 34 земји членки на ОЕЦД, регистирани се вкупни 16,3 милиони лица кои во првиот квартал од 2014 година биле без работа една година или подолго.

Според извештајот на ОЕЦД, бројот на долгорочно невработените е речиси двојно зголемен од 2007 година, една година пред појавата на должничката криза во еврозоната и светската финансиска криза.

„Во земјите кои се соочиле со најголем скок на невработеноста, она што првично беше само цикличен раст на невработеност стана структурен раст, што ќе биде тешко да се искорени при економското закрепнување“, се вели во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП