1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЌе има повеќе Alpine модели, само ако првиот донесе пари!

Ќе има повеќе Alpine модели, само ако првиот донесе пари!

alpine renault

Долго најавуваниот, новиот „Renault Alpine“ би можел да биде почеток на серија спортски модели со ознаката на „Alpine“, под услов ако се покаже дека е комерцијално остварлива, најави шефот на дизајн на францускиот производител, Лоренс ван ден Акер.

Ван ден Акер на саемот за автомобили во Москва изјави дека во компанијата постои интерес во понуда да се најдат повеќе модели со ознаката на марката „Alpine“, што би довело до обнова на овој некогаш популарен спортски авто-бренд.

Сепак за такво нешто ќе бидат пресудни финансиските аргументи, односно дали првиот модел, кој би требало да се појави во 2016-та ќе и донесе зработка на компанијата „Renault“.

„Бизнисот сепак е на прво место. Сите ги сакаме „Alpine“ автомобилите и оваа марка, но сакаме пред се да заработиме пари“, вели Ван ден Акер.

„Ајде прво да направиме еден автомобил како што треба, а потоа, доколку се мине како што треба, се надевам дека до крајот на животот ќе дизајнирам „Alpine“ модели“, додава тој.

Меѓутоа, за тој прв модел засега не се знае многу. За разлика од првичните најави, тој за жал нема да личи на одличниот концепт „A110-50“ од 2012-та (прикажан на фотографијата).

Исто така, отпадна и практично договорената соработка меѓу „Renault“ со компанијата „Catherham“ и производството на единствен автомобил, па двете компании најверојатно на пазарот ќе понудат два независни модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП