Во декември на европскиот пазар ќе пристигне нова лускузна лимузина, „Infiniti Q70“. Покрај променетото име, овој модел кој претходно беше познат како „Infiniti M“, во Европа доаѓа во освежено издание и со нова моторизација.
„Infiniti Q70“ зa 2015-та беше претставен пред публиката на детроитскиот авто-саем во јануари, а европската премиера е закажана за саемот за автомобили во Париз.
Стилските промени го следат новиот дизајн на „Inifiniti“ кој веќе го видовме на помалата лимузина „Q50“. Во однос на преходникот промените се највпечатливи на браниците и на маската.
„LED“ светлата во фаровите се стандарден дел од опремата, а благодарејќи на оваа технологија и стоп светлата се нагласени од претходно.
„Infiniti“ соопшти дека повеќе ќе уживаат во возењето со оглед дека е подобрена звучната изолација во кабината и подобрена е суспензијата, додека автомобилот е стандардно опремен со 18 инчни тркала.
За купувачите во Европа значаен новитет претставува 2.2-литарскиот четирицилиндарски турбо-дизел кој доаѓа од „Mercedes“.
Oвој мотор произведува 167 ks и максимален вртежен момент од 400 Nm, кој е достапен на 1.600-2.800 o/min.
Покрај него, на европскиот пазар ќе биде достапен и „Q70 Hybrid“.
Погонскиот систем, кој се состои од 3.5-литарски V6 бензинец и електромотор, располага со максимална комбинирана моќ од 359 ks.
Kога на крајот на годината ќе пристигне во продажните салони во Европа, „Q70“ ќе се обиде да ги привлече купувачите на луксузни лимузини, како што е „BMW Serieѕ 5“.
Дали ќе успее во тоа, нормално ќе зависи и од цената која ќе биде позната пред почетокот на продажбата.