29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредби на туристички работници со туроператори од Америка и Европа

Средби на туристички работници со туроператори од Америка и Европа

Skopje-Macedonia_square27

Туроператори од Северна Америка и Западна Европа и претставници од секторот туризам од земјава денеска ќе одржат Б2Б средби кои ги организира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Средбите се организраат во рамки на „Недела на авантури – Западен Балкан“ која Агенцијата ја реализира во соработка со проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Интернационалната асоцијација за активен туризам.

Пред присутните ќе се обратат директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски и американскиот амбасадор Пол Волерс и претставници на УСАИД.

Дел од учесниците во турата се главниот уредник на Национал географик травелер Кит Белоус, уредничката на Јаху Травел Џо Пиаца и уредничката за југоисточна и источна Европа на Лонлес Планет, Брана Владисављевич.

Покрај природните убавини на Македонија, групата ќе ужива во традиционална македонска музика, храна и култура, но и ќе учествува во спортски активности како тандем параглајдинг, велосипедизам, искачување по карпи и планинарење.

Турата има за цел да го поврзе домашниот пазар за активен туризам на Косово, Албанија и Македонија со туроператори од Северна Америка и Западна Европа, со цел привлекување поголем број странски туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП