24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонкурентите за најдобар филм на Оскарите заработија 2 милијарди долари

Конкурентите за најдобар филм на Оскарите заработија 2 милијарди долари

Emma Stone, Seth MacFarlane

Филмовите кои оваа година се номинирани во категоријата за најдобар филм на Оскарите, веќе се меѓу најгледаните во 2012-та година.

Деветте конкуренти за најголемата холивудска награда, заедно имаат заработено повеќе од 2 милијарди долари од продажбата на картите во киносалите ширум Северна Америка.

Шест од нив, меѓу кои и фаворитите, „Argo“ и „Lincoln“, донесоа секој од нив по најмалку 100 милиони долари во американски и канадските кина.

Минатата година само еден кандидат – „The Descendants“ заработи 100 милиони долари на домашната сцена.  Додека победникот во оваа катергорија, „The Artist“ на северноамериканскиот пазар на вкупната презентација во кино-салите заработи 45 милиони долари.

Глобалната продажба на минатогодишните номинирани филмови и по Оскарите дојде до само 1.2 милијарди долари.

Во 2009-та година, академијата одлучи да воведе десет, наместо пет номинации за најдобар филм, а таа промена им се овозможи на повеќе филмови да се стекнат со поголема гледаност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП