2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПокрај санкциите Rosneft и ExxonMobil продолжуваат со соработката

Покрај санкциите Rosneft и ExxonMobil продолжуваат со соработката

ROSNEFT_ENG_Full

Рускиот нафтен гигант „Rosneft“ најави заеднички истражувачки проект со американската нафтена компанија „ExxonMobil“ на Лаптевското море на северот на Сибир.

Компаниите ќе работат заеднички на проект и покрај американските санкции кон Русија, воведени поради украинската криза.

Двете компании ги започнаа заедничките работи на два нафтени блока на површина од 200.000 квадратни километри. Работите треба да траат до октомври, се наведува во соопштението на руската компанија.

„Rosneft“ во јули беше додадена на списокот на руски компании кои се опфатени од американските санкции. Меѓутоа, компанијата предводена од Игор Сечин, близок соработник на претседателот Владимир Путин, наведува дека и покрај санкциите ќе продолжат со соработката со западните компании.

Рускиот гигант на почетокот на август започна друг проект со „ExxonMobil“ на Карското море, исто така на сверот на Сибир. Сега отсечен од американскиот пазар, „Rosneft“ кој е 69 проценти во сопственост на државата, неодамна побара помош од неа да им го плати долгот од 30 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП