19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија најконкурентна економија во светот

Швајцарија најконкурентна економија во светот

swiss

Најконкурентна економија во светот годинава е таа на Швајцарија, следена од Сингапур, САД, Финска и Германија, покажува годишниот извештај за глобалната конкурентност на Светскиот економски форум.

Успехот на швајцарската економија се должи на нејзината ефикасност, иновациите и макроекономската стабилност.

Швајцарија сепак се соочува со тешкотии за наоѓање квалификувани работници.

Во првата десетка на најконкурентни држави се Јапонија, Хонгконг, Холандија, Велика Британија и
Шведска.

Во регионот Македонија се наоѓа на 63. позиција, зад Бугарија која е на 54. место, а пред Црна Гора на 67. позиција, Словенија на 70. место, Хрватска на 77 позиција, Грција на 81 место, Србија на 94. позиција и Албанија на 97. место.

Во извештајот нема податоци за Босна и Херцеговина и Косово.

На последно место годинава е економијата на Гвинеја.

Оценката во извештајот е формирана врз основа на рангирање на институциите, инфраструктурата, здравството и образованието, големината на пазарот и макроекономската средина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП