27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави инфлацијата во развиените земји

Забави инфлацијата во развиените земји

OECDf45tfg56ty56y67u

Стапката на инфлација во јули во повеќето водечки европски економии е намалена, со оглед на раширената слабост во регионот, покажаа вчера податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Инфлацијата во 18-члената еврозона во јули се спуштила на 0,3 проценти, што е најниското ниво од ноември 2009 година, додека во Италија потонала за само 0,1 проценти, пренесува агенцијата Анса.

Единствен исклучок е Франција, каде инфлацијата мирувала на 0,5 проценти, додека во Германија забавила на 0,8 проценти од еден процент во јули 2013 година, наведува организацијата, додавајќи дека падот на инфлацијта главно е забележан поради поевтинувањето на цените на енергијата. ОЕЦД, сепак, предупредува дека постојат сериозни знаци на слабост во европските економии.

Европската централна банка смета дека постои ценовна стабилност кога инфлацијата изнесува нешто под два проценти.

Во 34 членки на ОЕЦД, стапката на инфлација во јули е намалена на 1,9 од 2,1 проценти во јуни. Во САД инфлацијата забавила на 2 проценти од 2,1 проценти, во Британија на 1,6 од 1,9 проценти, а во Јапонија на 3,4 од 3,6 проценти, наведува ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП