29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто сакаат од вас на интервјуто за работа?

Што сакаат од вас на интервјуто за работа?

intervju3

Многу од оние кои бараат работа не знаат зoшто на интервјуто им се поставуваат одредени прашања. Некои сметаат дека можеби се работи за игра во која треба да го надмудрат соговорникот. Но работодавачите имаат само една цел, а тоа е да ве проценат дали сте соодветни за работното место.

Тие ги поставуваат секогаш овие шест прашања:

 
Дали поседувате вештини кои се потребни за работата?

Работодавачите првенствено сакаат да дознаат дали имате вештини потребни за извршување на работата. Пример, дали го имате соодветното образование. Понатаму заинтересирани се и за комуникациски вештини, дали можете да бидете тимски играч и сл.

Дали се вклопувате?

На сите работодавачи им е важно, дали вие би се вклопиле во средината и во активностите на компанијата. Дали вашите способности се комплементарни со оние на вашите потенцијални колеги.

Дали ја разбирате компанијата и нејзината мисија?

Ако таа организација е дел од вашите желби за кариера, ќе бидете природно мотивирани да останете што подолго во неа. Работодавачите сакаат кандидати кои ја знаат мисијата на нивната компанија.

Како се снаоѓате со конкуренцијата

Работодавачите ќе ве оценуваат со останатите кандидати за работа. За време на интервјуто ќе бидете споредувани со другите.

Имате ли правилен став за работата во компанијата?

Некој кој знае како да ја изврши работата за која што е повикан, секогаш ќе има правилен став за компанијата.

Ја сакате ли работата?

Повеќето работодавачи знаат кога некој ја сака работата или кога некој ги истражува можностите на пазарот на трудот. За да ја добиете работата, мора навистина да ја сакате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП