Барак Обама пред американската нација вети дека ќе продолжи да врши притисок врз Конгресот да ја зголеми минималната плата, чиј раст не го следеше брзото економско закрепнување.
Тој исто така се заложи и за изедначување на заработката меѓу мажите и жените.
Ова всушност е предизборно ветување, пред изборите за Сенатот, за кое постојат два главни конкуренти Републиканската и Демократската партија. Републиканците инаку веќе го контролираат Конгресот, и ги блокираат повеќето иницијативи на Демократите, како што е и иницијативата за зголемување на минималната плата.
Но, Обама се надева дека неговите резултати говорат повеќе од ветувањата, а според последните резултати во вториот квартал, невработеноста е намалена за 1 процент, а растот на БДП изнесуваше 4,2 проценти