8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврокомeсарoт за енергетика не го исклучува „најлошото можно сценарио“ за енергетската безбедност...

Еврокомeсарoт за енергетика не го исклучува „најлошото можно сценарио“ за енергетската безбедност во Европа

juzen

Еврокомесарот за енергетика Гинтер Јотингер не ја исклучува можноста од „најлошо можно сценарио“ за енергетската безбедност во Европа заради активностите на Москва во Украина, пренесоа британските медиуми.

На настан, организиран од германската енергетска компанија РВЕ во Брисел, Јотингер изјави дека до пред извесно време не мислел дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе користи лажни информации и оружје“.

-Затоа веќе не го исклучувам најлошото можно сценарио, посочи еврокомесарот.

Гинтер Јотингер посредува во преговорите меѓу Русија и Украина за цената на гасот.

На настанот во Брисел тој посочи уште дека стравува дека напредувањето на проруските сепаратисти кон пристанишниот град Мариупол во Украина ќе создаде коридор до Крим.

-Во тој случај Украина ќе биде отсечена од пристапот до Црно Море, предупреди Јотингер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП