19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКризата замина: Форд вработува

Кризата замина: Форд вработува

ford14

Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека ќе отвори нови 450 работни места и ќе инвестира речиси 200 милиони долари во фабриката за мотори во Охајо.

Од фабриката очекуваат дека двојно ќе ја зголемат продажбата на енергетски ефикасни мотори „EcoBoost“.

Двoлитарските мотори, продавани на пазарот во Северна Америка, порано се произведуваа во фабриката на Форд во Валенсија, Шпанија, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Новата одлука нема да влијае на бројот на вработени во постоечката фабрика во Валенсија, каде што дел од работниците ќе бидат преселени од фабриката за мотори во монтажниот сектор“, со цел да се исполни зголемувањето на производството на одредени модели на автомобили, наведуваат од компанијата.

Фабриката во Валенсија ќе продолжи да ги произведува деловите кои ќе се користат во производството на мотори во САД и ќе остане единствено место каде што се произведуваат дволитарските мотори за возила во Европа.

Фабриката во Кливленд во Охајо во моментов произведува „EcoBoost“ со волумен од 3,5 литри, како и мотори V6 со волумен од 3,7 литри, а на крајот од 2014 година ќе започне со производство на дволитарскиот „EcoBoost“ мотор.

Форд наведува дека оваа година планира да го зголеми глобалното производство на „EcoBoost“ моторите на 1,6 милиони парчиња, што е за 100.000 парчиња повеќе во споредба со претходната поставена цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП