24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAston Martin доби нов извршен директор

Aston Martin доби нов извршен директор

endi palmer

Досегашниот шеф за развој и еден од потпретседателите на компанијата „Nissan“, Енди Палмер, е именуван за нов извршен директор на „Aston Martin“, соопшти оваа компанијата.

Педесетиедногодишниот Британец на местото шеф на „Aston Martin“ ќе го замени досегашниот прв човек на компанијата, Урлих Беч, кој се повлече од таа позиција.

Енди Палмер ја започна професионалната кариера многу рано во 1979-та година со само 16 години во британската компанијата „Automotive Products Limited“.

Во средината на осумдесетите преминува во „Austin Rover“, каде подоцна напредуваше до позицијата главен инженер задолжен за преносните системи.

Во „Nissan“ пристигна во 1991-ва година, а во оваа компанија извршуваше разни должности, меѓу останатото беше шеф и на премиум марката на „Nissan“ – „Infiniti“.

Oд Палмер се очекува да ја зајакне позицијата на „Aston Martin“ меѓу производителите на суперлуксузни спортски автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП