3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ја сочувате приватноста на работа

Како да ја сочувате приватноста на работа

kolege-490x326

Дури и најдобрите шефови на светот не ги интересира како повторно сте се скарале со вашиот партнер, што ви кажала најдобрата пријателка за тоа, ниту пак од кои болести боледуваат членовите на вашето семејство. На работното место секој сака да се чувствува како член на екипата, но некои работите сепак би требало да ги задржите за себе.

Зошто? Постојат неколку причини…

1. Луѓето кои својата интима ја делат со сите често изгледаат непрофесионално.

2. Ќе добиете статус на канцелариска алапача и можеби со тоа ќе загубите некои сериозни прилики.

3. Вашите ривали на работното место вашите тајни ќе ги искористат против вас.

Како да се однесувате?

Во друштво на шефот

Дури и најдобрите шефови на светот не ги интересира како повторно сте се скарале со вашиот партнер, што ви кажала најдобрата пријателка за тоа, ниту пак од кои болести боледуваат членовите на вашето семејство. Дури и на опуштениот ручек задржете ја професионалноста и никогаш и пред никој не ги откривајте работите за себе си поради кои би можеле да звучите непрофесионално или лабилно.

Во друштво на колегите

Со добрите колеги од работа можете да разговарате за расправијата со партнерот и комшивката од третиот спрат која не можете да ја поднесете, но ситните и пикантни детали од вашиот интимен живот не смеете да ги кажувате, едноставно премолчете ги. Тие нешта се за најдобрите пријатели во животот кои всушност не работат со вас.

Во друштво на деловниот партнер

Со деловниот партнер можете да си поделите некоја анегдота од патувањата, забавите или некои интересни ситуации кои ќе ве прикажат во поприродно светло, но навистина нема потреба да разговарате за некои интимни нешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП