18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego го зголеми профитот во 2012

Lego го зголеми профитот во 2012

lego2

Производителот на играчки „Lego“, соопшти дека во 2012 година неговиот нето профит се зголемил за 35 проценти, а приходите за 25 проценти.

Побарувачката на играчки за девојчиња, го надмина производствениот капацитет на компанијата.

Нето профитот на данската компанија се зголеми на 752 милиони евра, а приходите на 3,13 милијарди евра, благодарение на новата линија на играчки за девојчиња од пет до девет годишна возраст, пренесува агенцијата Франс Прес.

„За време на првата година на пазарот, новата линија на играчки забележа оргомен успех, и покрај значителното зголемување на производствениот капацитет, ние не успеавме да одговориме на комплетната побарувачка“, изјавија од компанијата.

Компанијата додава дека особено добра продажба забележала во Северна Америка и Азија.

„Lego“ е компанија основана во 1934 година, како семејна компанија, а во 2010 таа стана четвртата најголема компанија во светот на играчките. Компанијата помина низ тешка криза во 1999 и 2000 година, кога силната конкуренција на компјутерските игри високо котираше на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП