3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв пораст на невработеноста во Шпанија за шест месеци

Прв пораст на невработеноста во Шпанија за шест месеци

12denial2.600

Бројот на невработени лица во Шпанија е зголемен во август, на месечно ниво, прв пат по шест месеци и тоа по стапка од 0,18 проценти, или за 8.070 лица, покажува статистиката на шпанското Министерство за труд.

По августовскиот пораст, бројот на невработени во Шпанија изнесува 4,43 милиони, пренесува Ројтерс.

Во однос на август 2013 година, бројот на невработени сепак е намален и тоа за 5,76 проценти.

Стапката на невработени во вториот квартал изнесува 24,5 проценти од работоспособното население, според пресметките на националниот статистички институт, кој не ги зема во превид невработените кои не примаат никаква надокнада и не се регистрирани во Заводот за вработување.

Како што наведува истиот извор, невработеноста останува главната слаба точка на шпанската економија, која во вториот квартал минатата година излезе од рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП