3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСточниот пазар во Облешево затворен до октомври поради болеста син јазик

Сточниот пазар во Облешево затворен до октомври поради болеста син јазик

ovciPazar

Сточниот пазар во Облешево, кој по традиција се одржува во вторник, денеска не работи.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, и кај овој сточен пазар како еден од најголемите во источна Македонија, се применува мерката против ширењето на болеста син јазик.

„Неработењето на сточниот пазар во Облешево ни создава големи проблеми пред се во работењето на Јавното претпријатие кое стопанисува со пазарот и на кого еден од најголемите приходи му е токму прометот со стока. Ќе ја почитуваме одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство, иако како општина ги презедовме сите неопходни мерки за заштита на добитокот на пазарот“, истакна Костадин Личков, градоначалник на општината Чешиново-Облешево.

Сточниот пазар во Облешево се очекува да започне да работи од октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП