27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија е во опасност

Кинеската економија е во опасност

kinaekonomijajachina545b74t

Втората светска економија се наоѓа во опасност поради преголемите инвестиции во недвижнините, како и нивните нереални цени. Ова го тврди Патрик Чованчек од консултантската компанија „SAM“. Тој вели дека изложеноста на кинеските банки се разликува од изложеноста на американските во пресрет на кризата со хипотекарни кредити во САД, и дека повеќе личи на кризата во Јапонија во осумдесеттите години од минатиот век, кога по брзиот развој пазарот доживеа колапс.

Кинескиот пазар за недвижнини во БДП придонесува со 15 проценти, а неговиот колапс директно би влијаел на уште неколку економски субјекти, како што се банките и градежниот сектор. Затоа оваа држава со посебни економски мерки се обиде да направи растот на пазарите за недвижнини да биде одржлив, меѓутоа изгледа дека не успеа во тоа целосно.

Во најголемите 70 градови цените на недвижнините во јуни паднале за 0,5 проценти, за во јули тој пад да убрза на 0,9 проценти. Во истите месеци е намалено кредитирањето за изградба на нови недвижнини, што секако, може да предизвика економска криза.

Колапсот на пазарот на недвижнини може да го намали кинескиот економски раст, како што велат аналитичарите, на под пет проценти, иако за оваа година е планиран раст на БДП од 7,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП