4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAvtoVAZ ќе ја намали работната сила за 45 проценти

AvtoVAZ ќе ја намали работната сила за 45 проценти

avtovaz 3953

Рускиот производител „AvtoVAZ“ планира до 2020-та година да ја намали работната сила од 55.000 на 30.000 вработени со цел да го подобри работењето.

„AvtoVAZ“, кој е под контрола на групацијата „Renault-Nissan“, и претходно најави и други мерки за намалување на трошоците на рускиот пазар кои со голема брзина се намалуваат.

Производството на „Lada“ во наредните три месеци ќе биде намалено за 25.000 единици, додека цените на сите возила за оваа година ќе бидат замрзнати.

Продажбата на руски автомобили во јуни оваа година беше дури 23 проценти помала во однос на истиот период од минатата година, додека за последните седум месеци таа забележа пад за 10 отсто или на 1.4 милиони возила.

„AvtoVAZ“ ќе укине дури 1.500 позиции во следната година, а со овој потег се очекува оперативен профит од околу 3.5 проценти од вкупните приходи. Се очекуваат и дополнителни 6.000 отпуштања, а од компанијата соопштија:

„Не е проблем во работниците, туку во менаџерите и експертите кои ги има премногу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП