2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчка владина делегација на средби со претставници на ЕУ и на ММФ

Грчка владина делегација на средби со претставници на ЕУ и на ММФ

eugreece1598kokolo

Грчка владина делегација денеска ќе пристигне во Париз на нова серија разговори со меѓународните кредитори – Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Европската комисија средбата во Париз ја оцени како „подготвителна“ за оценката од тројката меѓународни кредитори (ЕУ, Европската централна банка и ММФ) за исполнување на грчката економска програма. Средбата на ЕУ, ЕЦБ и ММФ со грчките претставници ќе се одржи во текот на месецот во Атина.

Грчката делегација во Париз ќе претстојува до четврток, при што ќе има средби и со министрите за финансии, за труд, за правда и за административни реформи.

Владата на премиерот Андонис Самарас се надева дека меѓународните кредитори ќе одобрат договор за намалување на грчкиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП