
Премиерот на Грција, Андонис Самарас, вети дека драстично ќе ја намали невработеноста во земјата, изразувајќи уверување дека до 2020 година ќе бидат отворени околу 770.000 нови работни места.


Премиерот на Грција, Андонис Самарас, вети дека драстично ќе ја намали невработеноста во земјата, изразувајќи уверување дека до 2020 година ќе бидат отворени околу 770.000 нови работни места.
„Невработеноста е најподмолниот и најтешкиот непријател бидејќи ги уништува соништата на младите“, изјави Самарас.
„За прв пат во последните 24 квартали постои прогноза за раст на бруто домашниот производ (БДП) а прогнозираме и 770.000 нови работни места до 2020 година“, потенцираше тој.
Невработеноста во Грција во мај е малку намалена, на 27,2 од 27,3 проценти во претходниот месец, но таа и понатаму е повеќе од двојно поголема во однос на мајскиот просек на еврозоната од 11,6 проценти.
Податоците на грчкиот Завод за статистика покажаа дека БДП во три месеци заклучно со јуни е намален за 0,3 проценти на годишно ниво, што е малку полош резултат од прелиминарната проценка за економски пад од 0,2 проценти.