24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна бесплатната летна школа на Seavus едукативен и развоен центар

Започна бесплатната летна школа на Seavus едукативен и развоен центар

sic

Повеќе од 100 учесници вчера (01.09) присуствуваа на првите предавања од бесплатната летна школа за идните ИТ таленти во земјата во организација на Seavus едукативен и развоен центар.

На првиот ден од богатата програма, учесниците добија можност на кратко да се запознаат со центарот, неговата работа, програмите кои ги нуди, капацитетот и техничката опременост.

По официјалниот дел и отворањето на летната школа започнаа и предавањата во три области: Програмирање, Дизајн и Мрежи.

Предавањата во овие три  насоки ги држат реномирани професори и соработници на SEDC.

Во наредните 4 дена, покрај часовите, Seavus едукативен и развоен центар за посетителите на летната школа подготви и забавен дел како што е кино проекција, средба со претставници од ИТ индустријата, забава.

Летната школа ќе трае се до 05.09, а сите учесници од едукативниот центар ќе добијат и сертификати за посета на школата

Во прилог на фотографиите погледнете како помина првиот ден од бесплатната летна школа на SEDC.

sig

sib

sia

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП