28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHeineken го продава својот мексикански производител на лименки

Heineken го продава својот мексикански производител на лименки

heineken2362566666;kkokoko

Холандскиот производител на пиво „Heineken“ ја договори со американската компанија „Crown Holdings Inc.“ продажбата на својата мексиканска филијала за производство на амбалажа и лименки, „Empaque“ за сума поголема од една милијарда долари.

„Heineken“ потпиша обврзувачки договор за продажба на мексиканската компанија „Empaque“. Вкупната вредност на таа компанија е 1,225 милијарди долари (933 милиони евра), се наведува во соопштението на холандската компанија.

Овој потег е резултат на настојувањата на „Heineken“ целосно да се фокусира на производството на пиво, маркетингот и продажбата на своите брендови на пиво, пренесува агенцијата Франс прес.

Благодарение на преземањето на компанијата „Femsa Sermesa“, „Heineken“ пред четири години стана сопственик на компанијата „Empaque“. „Heineken“ е основан во 19. век во Амстердам, и тој произведува и продава повеќе од 200 брендови на пиво и вработуваа 70.000 лица во целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП