3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Alibaba наскоро ќе се појават на берза

Акциите на Alibaba наскоро ќе се појават на берза

alibaba 39

Приватната кинеска интернет мега-компанија „Alibaba Group Holding“ во наредната недела ќе започне со иницијална понуда на акции, објави „Wall Street Journal“ повикувајќи се на блиски извори од компанијата. Акциите на оваа корпорација ќе бидат пласирани на берзата „New York Stock Exchange“ (NYSE), a првиот ден на тргување би можел да биде веќе во понеделник, 8-ми септември.

Според последните проценки „Alibaba Group“ вреди меѓу 120 и 130 милијарди долари, а точната вредност ќе биде утврдена по јавното објавување на цената на акциите. Низ јавната понуда, оваа компанија би можела да собере околу 20 милијарди долари дополнителен капитал, што би значело дека претстојниот „IPO“ ќе биде еден од најголемите во историјата.

Во последниот квартал „Alibaba“ забележа добивка од скоро 2 милијарди долари, т.е. 46 процентен раст на приходот.

Покрај тоа, „Alibaba“ на сите свои интернет услуги има околу 188 милиони активни корисници месечно, дури 25 милиони повеќе од претходниот квартал. Како резултат на овој забрзан раст се очекува и значително голем интерес на инвеститорите за нивните акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП