28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да купувате авионски карти преку интернет

Како да купувате авионски карти преку интернет

airtickets

Доколку сте авантурист и не сте заинтересирани за патување со туристички агенции, каде и да изберете да патувате, многу важна ставка која треба да ја решите е цената на летот.

Еден од наједноставните начини да останете во тек со цените на авионските билети е да се регистрирате за да добивате известувања на вашата e-mail адреса кои ќе ви ги испраќа одредена авиокомпанија или некој специјализиран сервис за купување на авионски билети.

Покрај информациите кои може да ви ги испраќаат според вашите сетирања, предноста на онлајн сервисите за купување на авио билети е тоа што одеднаш ќе добиете листа на цени на летовите, речиси од сите авиокомпании за избраните датуми и/или локации.

Компаративниот преглед, особено ако планирате патување на некоја далечна дестинација, може да ви открие драстични разлики во цените на билетите.

airtickets2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП