10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужноафриканската Република со раст од 0,6 проценти избегна рецесија

Јужноафриканската Република со раст од 0,6 проценти избегна рецесија

juznoafrikanskarepublikazname158

Јужноафриканската Република во првата половина од годината избегна рецесија благодарение на економскиот раст од 0,6 проценти во вториот квартал.

Најразвиената африканска економија во првиот квартал оваа година евидентираше пад на БДП од 0,6 проценти, најмногу поради штрајковите во рударскиот сектор, пренесува агенцијата Франс прес.

За раст на економијата во вториот квартал придонесе зголемувањето на јавната потрошувачка и мајските избори. Поголемиот раст, сепак, беше спречен со петмесечните штрајкови во секторот за ископување платина.

Преработувачкиот сектор, исто така, негативно влијаел на економскиот раст, особено во областа за производство на мотори, како и транспортната, хемиската и нафтената индустрија. Сепак, избегнатата рецесија е добра вест за економијата која е оптоварена со висока невработеност, инфлација и голема сиромаштија и нееднаквост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП