19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMalaysia Airlines: Сега следат отказите

Malaysia Airlines: Сега следат отказите

Malaysia Plane

Авиокомпанијата „Malaysia Airlines“ ќе отпушти 6.000 работници, потег кој е дел од реорганизацијата чија цел е компанијата да закрепне по двете трагедии на нејзините авиони.

Малезиската авиокомпанија со овој потег бројот на вработени од 20.000 ќе го намали за 30 проценти.

Компанијата истовремено целосно ќе биде ставена под контрола на владата. Државната инвестициска компанија која поседува 69 проценти од „Malaysia Airlines“ планира да стане стопроцентен сопственик на овој авиопревозник.

Двете трагични несреќи предизвикаа сериозен пад на бројот на патници во оваа авиокомпанија.

Со цел да се извлече од проблемите, оваа авиокомпанија нуди и огромни попусти, така што претходно летот меѓу Куала Лумпур и Пекинг чинеше 500 долари, а сега може да се купи за 238 долари. Но и покрај тоа, како што објавуваат медиумите, на некои летови на „Malaysia Airlines“ речиси и да нема патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП