29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК најавува турски инвестиции во македонскиот аграр

ССК најавува турски инвестиции во македонскиот аграр

сскм1-600x286

Претставници на 40 компании од Сојузот на стопански комори (ССК), со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции, присуствуваат на 83. Интернационален Саем во Измир, Турција кој се одржува од 29 август до 7 септември годинава.

Делегацијата ја предводи претседателот на ССК Даниела Арсовска, а ја сочинуваат стопанственици од повеќе сектори – градежништво, агро-бизнис, транспорт, туризам, консалтинг, шпедиција, текстилно производство. Тие ќе остварат средби со колеги од различни земји, ќе се запознаат со претседатели и извршни директори на најголемите компании од Турција и светот. Целта е остварување деловни партнерства.

„Остваривме средби кои ќе резултираат со извоз на македонските компании на турскиот пазар, но почнати се преговори и за заеднички вложувања и инвестиции од турски компании во Македонија во агро секторот, прехранбената и текстилната индустрија. Во следните денови предвидени се средби и потпишување на меморандуми за соработка со водечките бизнис организации во Турција“, изјави Арсовска.

Саемот во Измир е еден од најстарите во Турција. Традиционално се одржува 83 години и претставува водечки интернационален настан во оваа земја кој покрива повеќе сектори.

Последните неколку години во фокусот на манифестацијата се прехранбената индустрија, технологијата, автомобилските компоненти, мебелот, апаратите за домаќинство, белата техника, градежната и земјоделската механизација, електрониката, ИКТ,…

На саемот ќе се претстават над 1.000 изложувачи од целиот свет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП