11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕквадор подготвува дигитална валута

Еквадор подготвува дигитална валута

dfhdfdfjfdjdfjdfjdfjdfjdfjdfj

Еквадор до декември годинава ќе ја пушти во оптек дигиталната валута што веќе се подготвува, а ќе ја издава Централната банка.

Електронските пари ќе постојат паралелно со обичните и согласно законот, ќе бидат поддржани преку т.н. ликвиден имот. Аналитичарите сметаат дека ова би можело да биде првиот чекор на Еквадор кон напуштање на американскиот долар кој моментно се коиристи како официјална валута.

Дигиталната валута засега нема име, ниту се објавени другикакви било технички детали во врска со неа. Претставниците на Централната банка велат дека од побарувачката ќе зависи колкава количина ќе се произведе за разлика од крипто-валутите биткоин чија количина е ограничена.

Електронските пари добија поддршка и од Парламентот минатиот месец кога истовремено беа забранети биткоините.

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа кој е левичар, смета дека единствен проблем со овој проект е што му требало превише време да заживее. Тој негираше дека дека целта на електронските пари е да се замени американскиот долар што земјата го воведе во 2000 година, после банкарската криза.

Најпрво, дигиталната валута ќе може да се користи прекумобилните телефони. Сличен начин на плаќање постои во Кенија и Танзанија. Софтверот за електронските пари веќе го користат телефонските компании во Парагвај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП