8 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали McDonald’s ќе „преживее“ во Русија

Дали McDonald’s ќе „преживее“ во Русија

mcdonaldsdkl4309ty54ujyhop45j[ohyj4[6pjhu

Американскиот ланец на брза храна „McDonald’s“ соопшти дека му се затворени уште 12 ресторани во Русија.

Како што е наведено, рестораните се привремно затворени поради санитарни нерегуларности.

„McDonald’s“ има 440 ресторани во оваа земја, а во изминатата недела беа затворени пет по инспекциската истрага која беше покрената од страна на Агенцијата за безбедност на храна и заштита на потрошувачите во Русија.

И покрај тврдењата од страна на Агенцијата за безбедност на храна и заштита на потрошувачите дека станува збор за прекршување на санитарни прописи, оваа наредба за затворање на уште 12 нови ресторани на американскиот ланец за брза храна доаѓа во време на голема напнатост меѓу Западот и Русија поради кризата во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП