25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил падна во рецесија

Бразил падна во рецесија

brazil1155

Економијата на Бразил падна во рецесија бидејќи два последователни квартали бележи негативен раст, соопшти денес бразилскиот Завод за статистика.

Бруто домашниот производ (БДП) на најголемата економија во Латинска Америка потона за 0,6 проценти во вториот квартал, откако во претходните три месеци беше намален за 0,2 проценти, наведува Заводот, пренесува агенцијата Франс прес.

Падот на домашната потрошувачка од 0,3 проценти влијаеше на вкупниот економски резултат. Податоците објавени пред неколку недели во пресрет на претседателските и општинските избори закажани за 5. октомври, се уште еден удар за ионака слабата потрошувачка доверба во земјата која некогаш беше мотор на регионалниот економски раст.

БДП на Бразил порасна за 7,5 проценти во 2010 година, 2,7 проценти во 2011 и само еден процент во 2012 година. Минатата година, економскиот раст изнесуваше 2,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП