8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија и Турција ја зголемуваат соработката во цивилното воздухопловство

Македонија и Турција ја зголемуваат соработката во цивилното воздухопловство

avionavion999

Македонија и Турција ќе ја зајакнуваат регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство и ефикасноста при примената на барањата од областа на безбедноста.

Со Меморандумот за разбирање, што го потпишаа денеска директорите на македонската и на турската агенција за воздухопловство Дејан Мојсоски и Билал Екси, двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработката при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство и документацијата.

Меморандумот ги покрива и областите во делот на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај, програмите за обука, испити и лиценцирање, операции поврзани со летање и аеродроми, пловидбеност и регистар, потрага и спасување, како и сегментите поврзани со националните надзорни власти и службите за воздушна навигација.

„Потпишувањето на Меморандумот за разбирање со турските воздухополовни власти е резултат и на зголемениот обем на сообраќај кој го реализираат редовните и чартер авиопревозници кон Република Македонија, како и на остварените инвестиции во комплексот на цивилниот воздушен сообраќај“, соопшти Агенцијата за воздухопловство на РМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП